Дејвид Пог, соработник на „The New York Times“, направи навистина интересен филмски трејлер со кој ѝ предложи брак на својата сакана Ники.
Во трејлерот, актери на хумористичен начин ја пресоздаваат љубовната приказна на Дејвид и Ники.
Дејвид ги убедил вработените во кино да го прикажат трејлерот пред да започне филмот кој требало да го гледаат со Ники и нивните семејства. Тој поставил и скриена камера со која ја улови нејзината реакција.
Кон крајот на трејлерот, Дејвид клекна на едно колено за да ја побара Ники за жена.
Погледнете го инвентивното запросување кое ќе ви измами насмевка: