Татко доби илјадници комплименти и стана вирален хит на социјалните мрежи со маската која ја избра за себе и за ќерка си на Халовин.
Со помош на електричен скејтборд тој направи магичен килим како од „Аладин“ и ја возеше ќерката која беше маскирана како Џасмин. Во видеото објавено од неговата сопруга Триша, таткото е на магично патување низ соседството преправен како Аладин.
„Мојата сопруга го објави ова минатата недела и оттогаш е вирална сензација. Интересно е што ние сме само обични луѓе кои ги сакаат нивните деца и прават кул работи. Одлично е да се биде татко“ – напиша тој на својот профил kiteglobe.