Видео од жена, која му пее на сопругот по неговото испишување од болница, разнежнува срца и докажува дека навистина постои вечна љубов.
Жената нежно му ја држи раката на саканиот додека му пее песна на португалски јазик, во која се вели: „Имам многу нешта да ти кажам, но со зборови не можам да ти кажам колку е голема мојата љубов кон тебе...“.
Двајцата партнери се во брак 70 години, а биле разделени 70 дена поради лекувањето на мажот во болница.