Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Што да внесувате пред вежбање

Што да внесувате пред вежбање

Сигурно знаете дека вежбањето на празен стомак воопшто не е добра идеја. Денес постојат различни енергетски, фитнес пијалоци и додатоци кон исхраната кои што му даваат на телото енергија. Поради тоа, тешко е да се разграничи што е добро да се внесува пред вежбање, а што не е.

Подолу се дадени неколку совети, кои што ќе ви помогнат за да можете сами да си планирате каква храна ќе внесувате пред да започнете да вежбате.

Жена што јаде корнфлексиПред вежбање косумирајте храна богата со сложени јаглехидрати.
  1. Концентрирајте се на јаглехидратите. Сложените јаглехидрати се незменлива компонента на успешното вежбање. Како извор на енергија, тие треба да доминираат во вашата исхрана пред вежбање. Еден мал оброк составен само од јаглехидрати се обработува од стомакот за само 1-2 часа, додека храната богата со масти и белковини се задржува во стомакот неколку часа повеќе. Затоа консумирањето на масти и белковини пред вежбање, може да ви попречи во вежбањето.
    Исто така важно е да знаете какви јаглехидрати е подобро да внесувате. Сложените јаглехидарти се подобри од простите. Тие се дел од зрнестите храни, зеленчукот и овошјето.
  2. Бројте ги калориите. Доколку јадете количински многу пред вежбање, најверојатно ќе се чувствувате мрзеливи, тромави или ќе имате стомачни тегоби. Ако јадете премалку, кон средината на тренирањето ќе почувствувате глад. И едното и другото би ви попречило да си ги остварите целите во вежбањето. Затоа многу е важно колку храна ќе внесете пред вежбање. Ако јадете 200 калории еден час пред да започнете со вежбање, тоа ќе го задоволи вашето тело. Но, не заборавајте дека најголем дел од тие калории треба да бидат јаглехидрати.
  3. Хидратацијата на организмот е најважна. Пред да започнете со вежбање, многу е важно вашето тело да биде хидратирано. Дехидрацијата може да доведе до главоболка, несвестица и грчеви во мускулите. Сето тоа сериозно може да ви попречи додека вежбате. Едно правило вели: пијте 1ml вода за секоја калорија што ја внесувате. Пример: ако јадете 2000 калории дневно, треба да пиете 2000ml (2 литри) или приближно 8 чаши вода дневно.

Еве уште неколку совети:

  • Секој организам реагира различно на храната која што се консумира пред вежбање. Иако вежбањето на празен стомак не е препорачливо, многу луѓе не можат да поднесат храна пред вежбање. Ако и вие сте од нив, тогаш најдобро е навечер да јадете храна богата со јаглехидрати и да вежбате наутро.
  • Ако не знаете како вашето тело ќе реагира на нов режим на исхрана, тогаш експериментирајте додека не ја најдете вашата идеална комбинација.
  • Според експертите, жените со нормална тежина треба да консумираат 200 калории и 600ml вода, еден час пред да започнат да вежбаат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.