Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Тренирајте како ангел: 5 вежби за совршено тело од Кендис Сванапул

Тренирајте како ангел: 5 вежби за совршено тело од Кендис Сванапул

Кендис Сванапул заведува од каталозите на Victoria’s Secret со атрактивната фигура. 27-годишниот „ангел“, кој е фитнес инспирација на илјадници припаднички на понежниот пол, сподели пет вежби за идеална линија.

Вежбите основно се за зацврстување на централниот дел од телото, но ги тонираат и нозете и задникот.

За серијата вежби не е потребна специјална опрема, туку само желба и малку време.

Летечко „Т“

Кендис Сванапул

Застанете на левата нога. Додека го наведнувате горниот дел од телото нанапред, подигајте ја десната нога. Застанете во положба „Т“. Испружете ги рацете пред себе, при што дланките да бидат насочени кон подот.

Направете „летечко“ движење со рацете, придвижувајќи ги назад и враќајќи ги напред.

12 повторувања

Дијагонален планк со скокови

Кендис Сванапул

Започнете со позиција на дијагонален планк (нозете да ви бидат надесно). Стегајќи ги стомачните мускули, скокнете нанапред. Веднаш стегнете се и скокнете лесно налево за да направите повторно дијагонален планк.

15 повторувања

Напредни чучњеви на една нога

Кендис Сванапул

Застанете исправени. Стапалата да ви бидат на растојание на колковите, а рацете испружени покрај телото. Чучнете малку и подигнете ги рацете пред себе за да бидат паралелни на подот. Пренесете ја тежината на телото на десната нога, подигнете ја левата нога и поставете го левиот глужд над десното колено. Чучнете уште еден степен подолу. Вратете се во првата положба.

15 повторувања на десната нога и 15 на левата

Страничен удар со нога

Кендис Сванапул

Застанете исправени, стапалата нека ви се на растојание на колковите, а рацете превиткани. Направете лабави тупаници непосредно над рамената. Пренесете ја тежината на телото на десната нога и со левата клоцнете настрана. Вратете ја левата нога во првата положба.

Направете 30 удари со левата нога и 30 со десната

„Динамичен“ страничен планк

Кендис Сванапул

Застанете во положба на страничен планк. Десната рака да ви служи како потпoра, а левата исправена нагоре. Спуштете ги колковите надолу кон подот, но без да го допрете. Веднаш подигнете ги нагоре.

15 повторувања на десната страна и 15 на левата

Повторете ја целата серија вежби 3 пати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.