Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Бариери кон вежбањето и како да ги преминете

Бариери кон вежбањето и како да ги преминете

Редовната физичка активност придонесува многу не само за нашиот изглед, а и за нашето здравје. Па кога знаеме колку е корисна физичката активност, зошто не ја вклучуваме во нашето секојдневие?

Постојано имаме некаков изговор или причина кои не спречуваат да започнеме да вежбаме – немање време, повреди, самодовербата. Што и да е вашата бариера, не треба да ѝ дозволите да ви застане на патот кон перфектен изглед и добро здравје.

„Немам време за вежбање“

Со денешниот динамичен начин на живот, навистина е тешко да најдете време за вежбање. Искористете ја вашата креативност, за да извлечете максимум од секој момент во денот.

Балансирање на времето
Два пати седмично станувајте 30 минути порано, за да имате време за тренинг.
  • Ако немате време за комплетен тренинг, вметнете неколку десетминутни прошетки во текот на денот.
  • Станувајте 30 минути порано, два пати седмично, за да вежбате. Кога еднаш ќе свикнете на раните утрински вежби, тоа ќе сакате да го практикувате секој ден.
  • Паркирајте подалеку од местото каде што треба да одите. Така ќе ја зголемите вашата физичка активност, без тоа да ви попречува во другите ваши обврски.
  • Сменете ги вашите навики. Средбата со најдобрите пријателки не мора да биде во кафуле. Наместо тоа возете велосипед или трчајте во паркот.

„Вежбањето е досадно“

Нормално е вежбањето да ви е досадно, ако повторувате едни исти вежби секој ден, особено ако ги правите сами. Но, вежбањето не треба да биде досадно.

Вежбање во друштво
Вежбањето во друштво е позабавно.
  • Менувајте ги вежбите. Можете да практикувате различна физичка активност како пешачење, трчање, возење велосипед, аеробик и сл. Активирајте различни групи мускули, секогаш кога вежбате.
  • Здружете се со вашите соседи, пријателки или колешки. Така ќе бидете помотивирани, а вежбањето ќе прерасне во вистинска забава.
  • Запишете се на часови. Ако сте заинтересирани, веднаш ќе дојдете до информација за различни инструктори и различни физички активности. Запишете се на часови по јога или Тае Бо. Така ќе научите нешто ново и вежбањето ќе ви претставува задоволство.

„Немам енергија за вежбање после долгиот работен ден“

Нормално е да немате енергија, ако немате вклучено физичка активност во вашето заморно секојдневие. Вежбањето е најдоброто нешто што можете да го направите ако немате енергија и се чувствувате изморено.

Жена што трча
Ако не можете да вежбате после работа, правете го тоа наутро.
  • Вежбајте наутро. Станете 30 минути порано и вежбајте додека ги гледате утринските вести. Не мора да сте во сала, пуштете некое видео со аеробик и расположете се и наполнете се со енергија.
  • Искористете ја паузата. Додека правите пауза од дневните обврски, не седете во некој кафич. Ставете пониски обувки и одете на прошетка.

„Вежбав порано, но се откажав“

Можеби причината за вашето откажување е тоа што не сте можеле да ги видите резултатите од вежбањето. И покрај тоа што вие не гледате како го намалувате ризикот од дијабетес, срцеви болести или како ги согорувате мастите, тоа не значи дека вашето тело не ги чувствува резултатите.

Жена на вагаАко со вежбањето сакате да ослабите, вагата нека ви биде мотиватор.
  • Започнете со полесни вежби и постепено стремете се кон поинтензивни, кога вашето тело ќе биде подготвено.
  • Поставете си реални цели. Не си поставувајте како цел едночасовно вежбање секој ден, затоа што многу ќе се разочарате ако не можете да ја исполните таа амбициозна цел. Поставете си поскромна и пореална цел. Пример: вежбање по 20 минути, три дена во неделата.
  • Мотивирајте се и постојано потсетувајте се зошто вежбате. Ако со вежбањето сакате да ослабите, секој ден потсетувајте се на тоа. Вагата нека ви биде мотиватор.

„Не можам да си дозволам скапа опрема“

Не треба да сте член на некој елитен клуб или да имате скапи фитнес справи за да бидете физички активни. Има други алтернативи.

Жена што вежба дома
Побарајте видео со вежби и оформувајте го вашето тело бесплатно.
  • Правете вежби за зацврстување дома. Користете евтини ластици за отпор и зацврстете го вашето тело дома. Кревајте пластични шишиња со вода или песок и ќе ги замените теговите.
  • Вежбајте додека гледате. Побарајте видео за вежби како аеробик, јога, Тае Бо или Тај Чи.
  • Не користете лифт. Отфрлете ја навиката да користите лифт. Качувањето по скали е одлична вежба, која помага да се согорат многу калории.
  • Паркот нека биде ваша сала за вежбање. За да останете во форма доволно е редовно да трчате во паркот или да возите велосипед.

Оставете ги изговорите настрана и започнете да го оформувате вашето тело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19761 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.