Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Месечева (лунарна) диета 2017

Месечева (лунарна) диета 2017

Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина.

Месечева диетаМесечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза.

Што претставува месечевата диета?

Месечевата диета е многу популарна диета затоа што дава добри резултати, а повеќето луѓе кои ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат. Оваа диета е всушност диета за детоксикација на организмот.

Таа се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата месечина), полна месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина.

Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина.

Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми.

Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар.

Детали за диетата

Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна.

За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми.

Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната.

Месечеви фази во 2017 година (за Македонија)

Јануари

05.01.2017, 20:46 – прва четвртина

12.01.2017, 12:33 – полна месечина

19.01.2017, 23:13 – последна четвртина

28.01.2017, 01:07 – млада месечина

Февруари

04.02.2017, 05:18 – прва четвртина

11.02.2017, 01:32 – полна месечина

18.02.2017, 20:33 – последна четвртина

26.02.2017, 15:58 – млада месечина

Март

05.03.2017, 12:32 – прва четвртина

12.03.2017, 15:53 – полна месечина

20.03.2017, 16:58 – последна четвртина

28.03.2017, 04:57 – млада месечина

Април

03.04.2017, 20:39 – прва четвртина

11.04.2017, 08:08 – полна месечина

19.04.2017, 11:56 – последна четвртина

26.04.2017, 14:16 – млада месечина

Мај

03.05.2017, 04:46 – прва четвртина

10.05.2017, 23:42 – полна месечина

19.05.2017, 02:32 – последна четвртина

25.05.2017, 21:44 – млада месечина

Јуни

01.06.2017, 14:42 – прва четвртина

09.06.2017, 15:09 – полна месечина

17.06.2017, 13:32 – последна четвртина

24.06.2017, 04:30 – млада месечина

Јули

01.07.2017, 02:51 – прва четвртина

09.07.2017, 06:06 – полна месечина

16.07.2017, 21:25 – последна четвртина

23.07.2017, 11:45 – млада месечина

30.07.2017, 17:23 – прва четвртина

Август

07.08.2017, 20:10 – полна месечина

15.08.2017, 03:14 – последна четвртина

21.08.2017, 20:30 – млада месечина

29.08.2017, 10:12 – прва четвртина

Септември

06.09.2017, 09:02 – полна месечина

13.09.2017, 08:24 – последна четвртина

20.09.2017, 07:29 – млада месечина

28.09.2017, 04:53 – прва четвртина

Октомври

05.10.2017, 20:40 – полна месечина

12.10.2017, 14:25 – последна четвртина

19.10.2017, 21:12 – млада месечина

28.10.2017, 00:22 – прва четвртина

Ноември

04.11.2017, 06:22 – полна месечина

10.11.2017, 21:36 – последна четвртина

18.11.2017, 12:42 – млада месечина

26.11.2017, 18:02 – прва четвртина

Декември

03.12.2017, 16:46 – полна месечина

10.12.2017, 08:51 – последна четвртина

18.12.2017, 07:30 – млада месечина

26.12.2017, 10:20 – прва четвртина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.