Фемина објавува конкурс за колумнистки. Ако пишувањето е твоја опсесија, ако навистина имаш што да кажеш и ако си убедена дека жените во Македонија ќе уживаат да ги читаат твоите текстови, те бараме точно тебе!
Како да конкурирам?
Конкурсот заврши. Ви благодариме за големиот интерес! Ќе ни биде навистина тешко да ги избереме петте колумнистки.
Ќе ми биде ли платено?
Да, колумнистките ќе добиваат паричен надомест.
Колку колумни ќе треба да пишувам?
По една колумна секоја седмица.
Ќе смеам ли да пишувам за сè што ќе посакам?
И да, и не. На пример, нема да се обработуваат теми поврзани со политика, но ќе имаш голема слобода да избереш за што да пишуваш.
Морам ли да пишувам на теми од најразлични области?
Не. Дури би сакале да имаме и колумнистки кои би обработувале теми само од одредена област.
Морам ли да го откријам вистинското име?
Не, можеш да пишуваш и под псевдоним. Ти одлучуваш.
Колку колумнистки планирате да ангажирате?
Планираме да ангажираме 5 колумнистки, но тоа сепак зависи од добиените апликации и квалитетот на текстовите.
Маж сум. Можам ли да се пријавам?
Ако си сигурен дека твоите текстови ќе бидат привлечни за женската публика, да (нема да можеш да бидеш македонската Кери Бредшо, но тоа е тоа).
Однапред се извинуваме, но нема да имаме можност да одговориме на секоја апликација. Доколку ни се допадне она што сме го прочитале, ќе те контактираме!
Конкурсот трае до 10 јануари 2012. Можат да се пријавуваат само лица со навршени 18 години.