Американскиот пливач Мајкл Фелпс позираше за списанието „Details“, при што го покажа своето мускулесто тело.
27-годишниот спортист кој досега има освоено 14 златни и два бронзени олимписки медали, интензивно се подготвува за претстојните Летни олимписки игри кои ќе се одржат во Лондон.
Во интервју за списанието, Фелпс споделил детали за строгиот дисциплиниран начин на живот пред неговото одлично претставување во Атина во 2004 година и за скандалот со фотографијата на која пуши марихуана.
За активниот тренинг пред Атина: „Со тренерот Боб не разговаравме пред 8 часот наутро бидејќи бев во ужасно расположение. Не сакам да станувам рано. Влегувањето во ладен базен не е забавно. Но, во текот на тие шест години тоа беше жртва што морав да ја направам за да се обидам да станам најдобар. Па да, си легнував во 10 навечер или порано. Станував во 6.30 наутро секој ден. Кога бев дете, ќе направев сè. Сè што ќе ми речеше Боб, ќе го направев 10 пати подобро. Сакав да бидам најдобар. Сè уште сакам.“
За фотографијата на која пуши марихуана: „Тоа беше искуство од кое учев. Јас сум таква личност што морам да минам низ одредени искуства за да се учам. Некој може да ми каже: Ако го јадеш ова, ќе бидеш дебел. Јас ќе му вратам: Да, ОК, дај ми да пробам. Јас ќе бидам првиот кој ќе каже дека сум направил илјадници грешки, но никогаш не сум направил една иста грешка двапати.“
Погледнете и видео од фотосесијата: