Во последно време кај нас зачестија јавните запросувања. Иден младоженец ја побара својата сакана за жена на аеродромот „Александар Велики“.
Мини оркестар ја свиреше препознатливата мелодија од филмот „Кум“, додека млад господин нетрпеливо ја очекуваше својата партнерка да помине низ вратата за да ѝ го постави големото прашање. Специјалниот момент беше овековечен со неколку камери и поздравен со гласни аплаузи.
Гледајќи го видеото не може да не се насмеете кога ќе го видите првиот патник кој излегува низ вратата – зачуден дедо кој е воодушевен од убавиот пречек во Македонија.