Почетна » Љубов и секс » Секс » 7 грешки што жените ги прават за време на орален секс

7 грешки што жените ги прават за време на орален секс

Оралниот секс е одличен начин да ја зголемите страста и сексуалната поврзаност со вашиот партнер. Оваа техника може да биде неверојатна предигра или пак да послужи за пружање на целосно сексуално задоволство кое ќе кулминира со вртоглав оргазам.

Две жени со сладоледиУпотребата на заби е најчестата женска грешка за време на орален секс

Но, пред да решите да му подарите на вашиот партнер едно вакво незаборавно доживување, проверете дали можеби правите некоја од најчестите грешки за време на орален секс кои не им дозволуваат на мажите да уживаат максимално.

  • Употребувате заби. Најлошото нешто што можете да го направите за време на орален секс е да ги зариете забите во неговата нежна кожа таму долу. Тоа е и најчестата поплака од стана на мажите. Многу е лесно кога изведувате фелацио да заборавите што правите и ненамерно да ја направите оваа грешка. За да избегнете директен контакт на вашите заби и неговиот пенис, освен да ја држите устата доволно отворена, можете и да ги користите усните како штит.
  • Не ја менувате техниката. Еден од најважните фактори кои придонесуваат за неверојатно фелацио е менување на техниката и внесување на новитети. Не дозволувајте да му стане досадно. Употребувајте ги не само усните, туку и јазикот, рацете и градите. Постојано менувајте го интензитетот на вашите допири, по кои тој секогаш ќе копнее.
  • Следите брзо темпо. Многу жени сметаат дека ако дејствуваат колку што можат побрзо, ќе го доведат својот партнер до силен оргазам. Но, вистината е дека целото искуство влијае врз степенот на задоволство што тој ќе го чувствува. Освен ако не брзате за некаде, не практикувајте брзо темпо, затоа што повеќето мажи сакаат да уживаат колку што е можно подолго.
  • Не внимавате што ви кажува неговото тело. Некои жени сметаат дека секаков орален секс им носи задоволство на мажите, па го прават тоа на одреден начин не земајќи во предвид дека нивната техника може и да не му носи толку големо задоволство на партнерот. За да дознаете што му годи, а што не толку многу, потребно е да го набљудувате. Според фацијалните експресии, мрдањето на неговите колкови, стегањето на мускулите на нозете и се разбира преку звуците кои ги испушта, лесно можете да процените кои ваши потези вртоглаво го задоволуваат.
  • Не внимавате на лубрикацијата. Добриот орален секс вклучува многу плунка. Ако вашата уста е премногу сува, нема да можете непречено да се движите нагоре-надолу. Напијте се чаша вода или пак претходно каснете малку храна. По оброк, во устата се лачи повеќе плунка која ќе послужи како лубрикант.
  • Не покажувате задоволство и го сметате фелациото за обврска. Оралниот секс не треба да го сметате како обврска. Ако не ви е убаво да го правите и не сакате, вашиот партнер ќе го забележи тоа. Мажите ги возбудува она што го гледаат. Доколку му покажете на вашиот партнер дека уживате да му пружите задоволство од овој тип, интензитетот на неговата сексуална возбуда ќе се зголеми.
  • Не ги користите сите стимуланти што ги поседувате. Додека му правите фелацио, не треба да заземете една поза и да ги затворите очите или да гледате надолу. Менувајте ја позата за да му ја збогатите глетката. Воспоставете директен контакт со очите, користете ги вашите гради и рацете за да се допирате по телото. Тоа се вистинските потези кои ќе го доведат до незаборавен оргазам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19050 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.