Сексуалната хармонија и взаемното уживање се постигнуваат само и единствено преку ефективна комуникација. Како што вие треба да ги слушате желбите на вашиот партнер и да ги следите знаците што ги издава неговото тело, така и тој треба да го прави истото.
Понесени од возбудата, мажите често знаат да заборават да ги следат знаците на телото на својата партнерка и токму тоа е основната причина за појава на најчестите машки грешки во сексот.
Еве што најчесто грешат мажите:
- Очекуваат реалниот секс да наликува на порно филм. Мажите не треба да очекуваат дека нивната партнерка ќе им ја исполни секоја сексуална фантазија и дека секогаш ќе изгледа совршено. Во реалноста жените не можат секогаш да имаат идеално мазна кожа, ниту пак имаат желба да ги имитираат порно ѕвездите. Исто така, мажите не треба да бидат преокупирани со големината на машкоста. Најголем дел од жените не бараат „надарени“ мажи.
- Сметаат дека се експерти на тема секс. Гледањето на порно може да биде едукативно, но тоа понекогаш им дава погрешна претстава на мажите за сексот. Гледањето не е исто со реалноста. Некои пак се сметаат за преискусни и веднаш влегуваат во улогата на учители. Иако постојат универзални ерогени зони, секоја жена се возбудува на различни начини. Честа ситуација е мажот да се прави експерт в кревет, а жената да ги превртува очите и да глуми сексуална возбуда. Не дозволувајте вие да се најдете во таква ситуација. Подучете го и дајте му до знаење дека имате многу што да учите еден од друг.
- Секогаш ја прескокнуваат предиграта. Жените ја обожаваат предиграта и таа многупати може да биде поинтересна од самиот сексуален однос. Тоа се две доволно силни причини поради кои мажите треба да сакаат да ја воведат предиграта како дел од стратегијата за задоволување на својата партнерка. Освен тоа, на жените им е потребно подолго време за да се подготват за пенетрација затоа што кај нив побавно се расте сексуалната возбуда, а со тоа и влажноста на вагината.
- Бараат орален секс преку притискање на главата на својата партнерка надолу. Не постои жена која не ја мрази оваа постапка на мажите. На жените им е кристално јасно дека мажите обожаваат орален секс. Ако една жена е склона да му го пружи тоа задоволство на својот партнер, таа ќе го стори тоа и без тој да ѝ ја насочува главата надолу кон неговата „гордост“.
- Го „маркираат“ женскиот врат. Бакнежите во областа на вратот и ушите ја поттикнуваат сексуалната возбуда. Исто така и нежните вшмукувања и љубовни грицкања. Но, црвено-сините траги кои остануваат (познати како „шливки“) се крајно непосакувани од жените. Ролките и шаловите се во мода, но ни малку не е пријатно кога треба да ги носите под принуда. Пред возбудата да започне да кулминира, опоменете го партнерот дека не сакате сите да знаат за вашата страсна ноќ.
- Не знаат што да прават со женските гради. Мажите ги обожаваат градите, но ретко кој маж знае како правилно да ги стимулира за и неговата партнерка да чувствува задоволство. Силното гмечење, како и тегнењето и вртењето на брадавиците, не се ни најмалку пријатни. Брадавиците се многу чувствителни и треба да бидат стимулирани нежно со рака или со уста.
- Го игнорираат или пресилно го стимулираат клиторисот. Мажите веднаш тргнуваат во потрага по фамозната Г-точка и забораваат дека клиторисот може да ѝ донесе силен оргазам на нивната партнерка. А дел од оние кои пак знаат за моќта на клиторисот, не знаат да ја употребуваат. Клиторисот е исклучително чувствителен дел од женското тело и директната силна стимулација може да биде не само непријатна, туку и болна. За да го избегнете овој проблем, насочете му ја раката кон клиторисот кога сакате поголема возбуда и покажете му колкав притисок и колкава брзина да употреби при стимулирањето.
- Забораваат на останатите делови од женското тело. Женското тело не се состои само од гради, вагина и задник, но многу мажи го забораваат или решаваат да го игнорираат овој факт. Ако тој сака вам да ви е убаво, извесно време ќе ве бакнува и допира на останатите делови од телото, особено ако сте одлучиле да имате долга ноќ меѓу чаршафите.
- Прават паузи. Не е ретка појава мажите да прават мали паузи во текот на сексот со цел да можат колку толку да ја одложат ејакулацијата. Жените ги мразат таквите паузи затоа што им го намалуваат нивото на возбуда.
- Постојано ја прашуваат својата партнерка дали доживеала оргазам. Жените уживаат во сексот дури и ако не доживеат оргазам. Но, мажите се преокупирани со женскиот оргазам и ако нивната партнерка не го доживее врвното задоволство, тогаш се чувствуваат како да не направиле доволно. Постојаните прашања за тоа дали доживеале оргазам не само што ја убиваат возбудата кај жените, туку и создаваат фрустрации и напрегнатост. Освен тоа, може да доведат и до глумење на оргазам од страна на жените со цел да прекинат досадните прашања.
- Не практикуваат добра лична хигиена. Жените обрнуваат многу внимание на хигиената, особено на интимната хигиена пред сексуален однос, па не очекуваат ништо помалку од мажите. Нема поголем непријател на либидото од лошата хигиена. Доколку се соочувате со ваков проблем, најдете дискретен начин да му ги подобрите навиките за одржување на хигиена. На пример, иницирајте заедничко туширање пред сексуалниот однос. Застанете голи под туш и повикајте го. Нема шанси да ве одбие.
Ако вашиот партнер редовно прави некоја од посочените грешки, време е за интервенција од ваша страна. Бидете отворени и посочете му каде греши. Насочете му ја раката, потскажете му што ве возбудува и потфрлете некој совет. Доколку навистина се грижи за вас, ќе даде сè од себе да се промени.