Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ 15 модни трендови – есен/зима 2012-2013

Топ 15 модни трендови – есен/зима 2012-2013

Заборавете на дречливите неонски бои и пастелните нијанси – пред нас е мрачна сезона во која ќе доминираат темните богати бои и нијанси. Црна, бордо, виолетова, мастилно сина, „изгорена“ портокалова, крваво црвена, темно-зелена и „каки“ боја ја сочинуваа палетата до која се придржуваа дизајнерите при креирањето на колекциите за студената сезона.

Меланхоличен изглед, современ војнички стил, кожа, раскошен барок, кадифе, мистериозен готик стил, принт на принт, машка облека... новите модни тенденции се будилник за љубопитноста и стимул за фантазијата.

Магија обвиена во бордо

Магија обвиена во бордо

Темната нијанса на црвената боја, позната како бордо или бургундец црвена, дефинитивно треба да ви доаѓа прва на ум кога мислите на есенски и зимски комбинации. Дозволете винската нијанса да ве обои од глава до пети или да им даде побогат изглед само на вашите модни додатоци. Не пропуштајте да ја искористите магијата на бојата бордо, која асоцира на мистика, драма и сексапил.

Кадифена револуција

Кадифена револуција

Кој може да одолее на нежниот допир на кадифето? Старомодниот гламур којшто зрачи од неговата текстура одговори на барањата на дизајнерите за оживување на елеганцијата од минатото, но на префинет современ начин.

Мрачна градина

Мрачна градина

Цветните градини и понатаму се инспирација за впечатливи принтови за новата сезона. Но, додека во колекциите пролет/лето принтовите пресликуваа цветна градина осветлена од силното сонце, во колекциите есен/зима принтовите потсетуваат на цветна градина под придушената светлина на месечината.

Раскошен барок

Раскошен барок

Барок стилот кај нас најде место во архитектурата, но светските модни центри преферираат да го користат само како модна инспирација. Аристократскиот стил во црно-златни изданија направи бум на модните писти, но бидете внимателни кога го носите на улица, бидејќи таквиот раскош лесно може да премине во кич кој боде очи.

Црна кожа

Црна кожа

Не е доволно да имате црни кожени чизми за да го следите доминантниот тренд. Одете чекор напред и надградете го вашиот стил со кожено фустанче, кожена кратка сукња со А-линија или кожено мантилче. Црната боја на кожата е хит, но бојата нека не ве ограничува кога станува збор за овој „Матрикс“ тренд. (Преферирајте вештачка кожа!)

Женска интерпретација на машкиот костум

Женска интерпретација на машкиот костум

Костумите како тип облека се издигнати на пиедестал оваа сезона, но само оние со панталони (тесни). Сукњите не им се никаква конкуренција на панталоните кога се работи за модерните костуми. Иако костумите со принт се посилен тренд, популарни се и еднобојните костуми, особено црните.

Принт лудило

Принт лудило

Хипнотизирачки геометриски принтови, леопардски, змиски и крокодилски принт, уметнички принт... Шаренилото продолжи да владее на модните писти, понекогаш премногу заморувајќи ги очите. На улица не претерувајте, бидејќи лесно може да ја преминете границата на привлечното. Хит парче облека: панталони со принт.

Современ милитаристички стил

Современ милитаристички стил

Да, милитаристичкиот стил прави кам-бек. Но, веднаш тргнете ги мислите од војничкиот принт кој беше актуелен пред неколку години. Модерните креации на посериозен и поелегантен начин ги крадат карактеристичните елементи на воената униформа. Насочете се кон сакоа, палта и фустани украсени со копчиња типични за овој стил и/или обоени во тегет или нијанси кои ги спојуваат темно-зелената и кафеавата боја.

Мистериозен готик изглед

Мистериозен готик изглед

Мрачниот готик стил изразен преку црни креации, детали во форма на крст, чипка, кожа и кадифе можеби неочекувано влезе во највпечатливите модни тенденции. Мистериозниот темен изглед на облеката комбинирајте го со темно црвен или виолетов кармин.

Шик уникатни јаки

Шик уникатни јаки

Јаките се популарни од кога било досега. Никогаш овој дел од облеката не бил доказ за индивидуален стил како што е сега. Вистински хит се кошулите со јаки украсени со нитни, мониста или кристали, но исто така и фустаните со јаки втора сезона по ред се истакнуваат со својата шик привлечност. Популарен избор: накит за на врат со изглед на јака.

Пеплум

Пеплум

Стратешки поставениот набор над колковите на сакоа, блузи, кошули и сукњи, кој ја акцентира женствената форма на телото, започна срамежливо да се пробива сè додека не експлодира со полна сила минатата сезона. Љубовта кон „пеплум“ креациите продолжува, па ако досега не сте експериментирале со овој тренд, имате прилика да го сторите тоа.

Супер големи палта

Супер големи палта

Прешироките палта со заоблени раменици оставија впечаток на модните писти, но тешко ќе ги освојат улиците, бидејќи освен што ја уништуваат женската силуета, изгледаат и непрактично и непривлечно.

Акцент на тенката половина со колан

Акцент на тенката половина со колан

Не е важна силуетата на фустанот, палтото или мантилчето кое го носите. Ставете тенко коланче или широк впечатлив колан за да ја потенцирате тенката половина. Колку и да сакаат дизајнерите да си играат со формите, не забораваат дека треба во прв план да ја стават женственоста. Па, не заборавајте го тоа ни вие.

Мало црвено фустанче

Мало црвено фустанче

Колекциите есен/зима исто како да настрадаа од црвена експлозија. Страсната боја во сите свои нијанси ги маѓепса дизајнерите, а најголем дел од нив црвениот изглед им го дадоа на фустаните. Летното мало бело фустанче заменето го со црвено и сте подготвени за поход.

Наметки/пелерини

Наметки/пелерини

Во есенските денови не мора да се ориентирате кон мантилите и палтата за да останете заштитени од студот. Поатрактивна варијанта се пелерините и наметките. Покријте се со стил, а за максимален впечаток комбинирајте ги со високи ракавици.

Исто така, како и секоја студена сезона, актуелни се и крзното и плетените парчиња облека кои најдобро ве одржуваат топли.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.