Почетна » Убавина и мода » Мода » Зимски и празнични идеи за маникир

Зимски и празнични идеи за маникир

Ни претстои весел период исполнет со забава и релаксација – конечно започнува сезоната на празниците! Во слободното време што ќе ви го донесат празничните денови, експериментирајте со својот изглед за да изгледате зашеметувачки привлечно на секоја забава.

Во текот на подготовките за лудите ноќи, не смеете да го занемарите изгледот на ноктите. За со гордост да ги покажувате вашите раце, ви предлагаме интересни идеи за маникир, инспирирани од празничната атмосфера и магијата на зимата, кои се резултат на креативните умови на блогерки од целиот свет. Убавото е што тие изгледаат воодушевувачки, а се едноставни за правење, па ќе можете да ги испробате дури и да не сте експерти за украсување на нокти.

Зимска идила

Снежни нокти

Застанете ги снегулките на вашите нокти со едноставно користење на син, бел и светликав лак за нокти и чепкалки за заби.

Слатко како црвено-бело бастунче

Потсетете се на детството со сладок и забавен маникир кој наликува на вкусните црвено-бели бастунчиња. Видеото е само еден од начините за да го направите овој тип на маникир. Можете да не ставате црвени светулки за да не изгледа премногу натрупано.

Гламурот на ведрото ноќно небо

Уловете ја убавината на ведрото ѕвездено небо со помош на лесен маникир кој ќе го направите со апликатор за сенки за очи.

Еве уште една варијанта на ѕвезденото небо, само што изгледа посвечено и полесно ќе се вклопи во повеќе модни комбинации.

Капата на Дедо Мраз

Ако сакате забавен изглед на вашите нокти, украсете ги со капата на Дедо Мраз. За да изгледа попрефинето, нацртајте капа само на по еден нокот на секоја рака, а останатите лакирајте ги со црвен лак.

Популарни полумесечини

Полумесечини

Полумесечините веќе неколку сезони се популарен тренд кај ноктите. Многу се едноставни, а делуваат ретро и шик. Комбинирајте различни бои и нијанси или одлучете се за класичните црно-бели или црвено-бели комбинации.

Тренди нијанси

Сакате едноставен изглед на вашите нокти? Еве кои бои и нијанси се меѓу празничните трендови:

ЗлатнаЗлатна Снежно сребренаСнежно сребрена
Свечени светулкиСвечени светулки Класична црвенаКласична црвена
Речиси црнаРечиси црна ВиолетоваВиолетова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.