Почетна » Убавина и мода » Коса » Празнични идеи за фризури – 2011/2012

Празнични идеи за фризури – 2011/2012

Според врвните фризери и стилисти, незанемарлив тренд е совршено несредената фризура, па за празничните прослави не треба да изгледате како да сте излегле од фризерско студио, туку скоро задолжително е вашата коса да изгледа полежерно и поприродно.

Трендовите на црвените килими низ Холивуд го велат истото – не го стилизирајте секое влакно, дајте ѝ малку слобода на вашата коса.

Модерна фризура

ТОП празнични трендови

  • несредени плетенки во сите форми и големини
  • пунџа настрана декорирана со блескава шнола
  • коњско опавче
  • венче или светликав ластик

Долга коса

Романтично и нежно

Дозволете ѝ на вашата женственост да дојде до израз со тоа што ќе си направите едноставна, но романтична фризура со нежни локни и минимален волумен во корените.

Романтично и нежно Романтично и нежно Романтично и нежно

Плетена елеганција

Плетена елеганција Плетена елеганција Плетена елеганција

Комбинирајте ги актуелните плетенки со елегантниот волумен создаден преку лесно тапирање на косата. Оваа фризура можете да ја носите и со свечен фустан, но и со едноставна лежерна комбинација со панталони или фармерки.

Ретро бранови

Ретро бранови со модерен твист

Експресно брзо и лесно креирајте ретро бранови во вашата коса за да го надополните вашиот изглед со сексапил.

Средна должина на косата

Средната должина на косата како епидемија се распространи со стиловите на холивудските ѕвезди. Долгиот „боб“ стана тренд кој најверојатно ќе продолжи да владее и во наредната година. Најлесниот и најмодерниот начин да стилизирате коса со средна должина е да ја извиткате на мали „меки“ бранови.

Брановиден бобБрановиден боб

Софистицирано и лесно

Софистицирана фризура

Немате многу време, а сакате малку невообичаена фризура? Купете си венче со ластик и без многу труд можете да се здобиете со несекојдневен изглед. Еве како:

Кратка коса

Ако имате добро оформена кратка фризура, тогаш изборот на празнична фризура ви е најлесен. Обликувајте ја косата како и секој ден, но додајте модни додатоци кои ќе го потенцираат свечениот изглед.

Еден од најприфатените трендови е користењето на шноли со циркони или шноли кои потсетуваат на убав брош. Ставете еден мал украс во вашата коса и инстантно ќе креирате посвечен изглед.

Кратки фризури

Втората празнична варијанта е венче за коса. Без оглед на должината на косата, овој моден додаток може да се вклопи во секоја фризура за секоја прилика.

Кратки фризури

Кратката фризура на Ема Вотсон е највлијателната фризура за 2011 година, па ако имате кратка коса, не ви е потребно многу за да бидете во тренд.

Селебрити тренд: висока пунџа

Соберете ја косата во висока пунџа за да ги истакнете цртите на лицето. Ако сакате поелегантен изглед, замазнете ја косата како што тоа го направил стилистот на Ким Кардашијан, но ако сакате понебрежен изглед, црпете инспирација од Гвен Стефани.

Висока пунџаВисока пунџа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.