Почетна » Семејство » Брак » Спречете ја неговата афера со колешка

Спречете ја неговата афера со колешка

Постојано слушаме за славни личности кои започнуваат врска додека работат заедно и колку и да сакаме да мислиме дека тоа се случува само во Холивуд, реалноста е поинаква.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од мажите кои извршиле изневера, избрале за своја љубовница колешка од работа.

За да го избегнете тој непријатен проблем и да го одржувате бракот здрав и стабилен, потпрете се на старата добра поука „подобро е да се спречи, отколку да се лечи“ со помош на следните совети.

Бидете во тек со настаните. Навистина тој може да ви стане досаден ако постојано зборува колку е напорен неговиот шеф или колку се неспособни колегите, но ако не може вас да ви ги каже неговите убави и лоши случувања на работа, тој може да најде некоја личност која со радост би го слушала. Колку повеќе споделува со вас, толку подобро. Така вие подобро ќе можете да оцените дали останувањето до касно на работа е оправдано или не, а него потешко ќе му биде да ве лаже.

Љубомора
За да ја спречите неговата афера со колешка, појавувајте се што почесто со него на забавите на фирмата и родендените на колегите.

Појавувајте се со него. Не избегнувајте да одите со него на забавите на фирмата или на родендените кај колегите (се разбира ако сте поканети, без да се наметнувате). Со вашата појава ќе покажете дека зад вашиот маж има жена и дека вашата врска е силна. Ако некоја колешка флертуваше тајно со вашиот партнер, ќе се почувствува виновна кога ќе ве запознае вас.

Разберете која е вашата закана. Иако повеќето жени веруваат дека нивните мажи изневеруваат со поубава жена, тоа најчесто не е така. Затоа веднаш не избрзувајте со заклучоци ако видите плава колешка со две откопчани петлици на кошулата. Вашата закана може да е од сосема друг тип. Најчесто тоа е колешка со која вашиот сопруг работи на ист проект или која може да му ѕвони на мобилен по завршувањето на работното време. Сепак, не треба да бидете параноични и да гледате на секоја жена како на закана. Потребно е само да ги држите очите отворени.

Направете да мисли постојано на вас. Ако патува често, последната ваша ноќ пред да замине приредете му незаборавна вечер, која ќе остане во неговите мисли додека да се врати. Доколку се разделите со кавга, тој ќе биде посклон кон афера. Не го испраќајте на работа со намуртено лице и без бакнеж. Во неговите мисли, последната слика од вас, треба да му буди потреба побрзо да се врати дома.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.