Почетна » Семејство » Брак » 8 тајни кои треба да ги премолчите пред вашиот сопруг

8 тајни кои треба да ги премолчите пред вашиот сопруг

„Искреноста е темел на секој здрав брак“ – не постои брачен советник кој нема да ви го потенцира тоа. Навистина, искреноста ја негува добрата врска меѓу сопружниците, но во име на добрите односи понекогаш е помудро некои нешта да останат премолчени.

Сигурно вашиот партнер би претпочитал да чувате тајни од него, отколку да слушне „Колегата секојдневно ми се додворува“ или да дознае дека вашиот бивши и не бил така лош в кревет. Од друга страна, вашите пријателки и деца би сакале тоа што ќе ви го доверат да остане помеѓу вас.

Чување тајна

Еве дел од тајните кои не би требало да стигнат до ушите на вашиот сопруг:

  1. Тајните на вашите пријателки. „Те молам, никому не кажувај за ова“ – оваа реченица често може да се сретне во разговорите помеѓу две пријателки. Но, зошто е потребно постојано да потенцираме дека тајните не треба да се издаваат? Затоа што знаеме дека во тоа „никому“ најчесто не спаѓаат сопрузите. Меѓутоа, факт е дека сопрузите најчесто не гледаат на тајните на вашите пријателки на истиот начин како вие. Тие дури и забораваат што е тајна, а што не е, па може да се случи да им се „испушти“ во друштво, или во најлош случај пред пријателката која ве замолила да си ја држите устата затворена.
  2. Вашите фантазии за други мажи. Апсолутно е нормално и откако ќе стапите во брак во одреден момент да почувствувате привлечност кон личност која не е вашиот сопруг. Нормално е и да имате фантазии поврзани со таа личност. Но, тоа не е нешто кое ќе можете да го споделите со вашиот сопруг и да поминете „неказнети“. Сигурно не би сакале нешто што постои само во вашата глава да ви ги наруши хармоничните брачни односи и да создаде несигурност, љубомора и сомнежи кај вашиот партнер. Најдобро е да ги зачувате ваквите фантазии само за себе.
  3. Колку мажи ви се додворуваат. Луѓето сакаат да флертуваат и бурмата на вашата рака може да не е пречка за колегата да ви праќа игриви погледи или згодниот познаник секојдневно да ви подарува букет комплименти. Новите додворувачи веројатно ви ласкаат, но пред да истрчате кај вашиот сопруг да се пофалите дека имате нови докази дека привлекувате погледи, треба да знаете дека будењето на неговата љубомора ќе биде неизбежно. Фактот дека сте сè уште привлечни е добро познат за вашиот сопруг, па додворувачите може и треба да останат ваша мала тајна. Ако сте уверени дека вашиот сопруг нема да реагира бурно, може одвреме-навреме низ шега да му поткажувате за комплиментите кои ги добивате. Умерената доза на љубомора не штети, но не заборавајте дека љубомората може да е нож со две острици.
  4. Добрите спомени за бившите. Поранешните и сегашните партнери никогаш не оделе заедно, исто како што не се мешаат водата и маслото. Ако постои нешто што може многу да го вознемири вашиот сопруг, тогаш тоа е претставувањето на вашиот бивш партнер во добро светло. Вашиот сопруг секогаш потајно ќе се надева дека сите ваши бивши се „нула“ во споредба со него, особено кога станува збор за сексот. Па, оставете ги работите такви какви што се и заклучете го бившиот во минатото. Добрите спомени за него нека бидат дел од вашите тајни.
  5. Дека не ве возбудува. Во секој брак има сушни периоди, па може да се случи вашиот сопруг да не „го разгорува вашиот оган“. Но, ако му го кажете тоа в лице, само ќе го влошите проблемот. Наместо тоа, обидете се да ја вратите страста во вашиот брак и да го подобрите вашиот сексуален живот. Дајте му комплимент кога ќе направи нешто што ви се допаѓа, на пример кога ќе ве допре на одреден дел од телото, кога ќе направи нешто романтично итн. Верувајте, тој ќе си ја научи лекцијата и ќе започне почесто да повторува тоа.
  6. Нештата кои не може да ги промени или кои се надвор до негова контрола. Не си мислете дека тој не знае дека неговата коса видливо се проретчила или дека не заработува доволно. Не треба вие секојдневно да го потсетувате за тоа, дури и ако тоа ви поминува низ главата. Зошто да предизвикувате негативни чувства кај него, кажувајќи му работи кои не може да ги промени?
  7. Малите тајни на вашите деца. Ќерка ви ве замоли да не му кажувате на „тато“ за новиот симпатија? Запечатете ги вашите усни и не ја изневерувајте нејзината доверба во вас. Но, не чувајте од вашиот сопруг големи тајни за вашите деца, како на пример дека пушат, пијат или дека имаат проблеми на училиште. Дури и ако вашето дете ве замоли да ги премолчите таквите проблеми, вие треба да разговарате со сопругот за да можете заедно да се справите со тоа.
  8. Навредливите зборови кои сте ги слушнале за него од вашите најблиски. Се разбира дека вашата сестра или вашите пријателки нема секогаш да ви кажуваат само колку е добар и убав вашиот сопруг, особено не во моментите кога вие се поплакувате за некои негови постапки. Понекогаш ним можеби ќе им излета и по некој навредлив збор, но тој сигурно нема да биде наменет за ушите на вашиот партнер. Затоа, не трчајте веднаш да го пренесете, бидејќи ќе создадете тензија помеѓу вашите блиски и саканиот.

Малите тајни се еден од елементите на среќен брак. Но, не заборавајте дека отвореноста и искреноста треба да доминираат во брачни односи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.