Џејми Оливер има среќна вест. Познатиот готвач и неговата сопруга Џулиет Нортон му посакаа добредојде на петтото дете.
41-годишниот Британец на Instagram објави две фотографии од новородениот син и опиша колку многу им се одушевува на сите мајки.
„МОМЧЕ Е! Сите во семејството Оливер се изненадени и пресреќни. Тој пристигна безбедно на овој свет. Мама Џулиет беше навистина неверојатна. Се породи природно, а моите две најстари ќерки влегоа на крајот кога бебето излегуваше, што беше прекрасно да се види и многу, многу емотивно. Љубов до сите мајки во светот, ме одушевува колку сте неверојатни“ – стои во описот на фотографијата.


Џулиет исто така сподели фотографија на која го дои новороденчето. Бебето се родило тешко 3,6 килограми.

Џејми и Џулиет се во брак 15 години. Парот има уште четири деца – три девојчиња и едно момче.


