Џејми Оливер и Џулиет Нортон си ги обновија брачните завети 23 години по стапувањето во брак.
47-годишниот готвач и поранешниот модел отпатуваа на Малдиви, каде по вторпат го изговорија судбоносното „Да“ на плажа пред нивните пет деца. Парот изгледа позаљубено отсекогаш на фотографиите од специјалната прилика.




„Добро утро на сите. Со Џулс повторно стапивме во брак! Да, по 23 години заедно, сметавме дека ова ќе биде специјален момент за да го прославиме обновувањето на нашите брачни завети пред децата да започнат да го напуштаат семејниот дом. Беше навистина специјално, забавно и романтично, а зборовите на церемонијата имаа поголема смисла штом стигнавме толку далеку заедно“ – напиша славниот готвач.












Џејми и Џулс започнаа да се состануваат додека беа тинејџери и стапија во брак на 24 јуни 2000 година. Нивното прво дете, ќерката Попи се роди во 2002 година.
