27-годишната Џесика Лаундес со провокативни фотографии на Instagram се обидуваше да ги убеди своите фанови дека е верена со 58-годишниот Џон Ловиц, сè со цел да предизвика медиумска врева и да го промовира својот нов спот.


Пред неколку дена, ѕвездата од серијата „90210“ сподели фотографија со натпис „Има нов маж во мојот живот“ и опис „Неговите раце се мудри и кажуваат илјадници приказни“.
Веднаш потоа таа објави и фотографија од својата рака со дијамантски прстен, поттикнувајќи ги фановите да веруваат дека станува збор за свршувачка.
Следуваа и неколку други кратки видеа и фотографии, кои укажуваа на тоа дека таа е во врска со Ловиц.
Но, откако медиумите „наседнаа“ на лажната врска, таа излезе со ставот дека станува збор за првоаприлска шега и го објави музичкиот спот со Ловиц. Погледнете го: