Џесика Алба со своето семејство присуствуваше на празнична забава на „Baby2Baby“, организација која цели да им обезбеди на сиромашните семејства производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.
На настанот кој се одржа во Беверли Хилс, 34-годишната актерка гордо позираше со сопругот Кеш Ворен, 7-годишната Хонор и 4-годишната Хевен.


Забавниот стајлинг на Алба придонесе таа да изгледа со години помлада.




Џесика неколку години има блиска соработка со „Baby2Baby“. Имено, нејзината компанија „The Honest Company“ редовно ја потпомага работата на организацијата преку донации.