Џенифер Лоренс присуствуваше на првата свеченост по откривањето на веста за втората бременост.
На премиерата на документарниот филм „Zurawski v Texas“, 34-годишната актерка шармираше на црвениот тепих во бела креација од Dior и удобни балетанки. Таа го акцентираше пораснатото стомаче со тенок колан на половината.
Лоренс е извршен продуцент на документарецот, на кој работеше со Хилари Клинтон и Челси Клинтон.
Ѕвездата од „The Hunger Games“ со сопругот Кук Маруни има уште едно детенце кое се роди на почетокот од 2022 година. Тие стапија во брак на 19 октомври 2019 година.