Љубовната романса на Џенифер Лопез и Каспер Смарт заврши. По петгодишна врска, 47-годишната пејачка и 29-годишниот танчар и кореограф решија да се разделат.
Веста за разделбата ја потврди извор близок на парот за релевантни странски медиуми. „Не беше ништо драматично и тие беа во добри односи. Едноставно дојде до природен крај. Тие ќе останат пријатели и ќе се гледаат, но не се повеќе заедно“ – изјавил тој.

Лопез и Смарт започнаа да се состануваат во 2011 година, а јавно ја потврдија својата врска во јули 2012 година.

