Џенифер Лопез во снежно бел аутфит мамеше воздишки на премиерата на „Ice Age: Collision Course“ во Лос Анџелес.

46-годишната актерка, која го позајми својот глас за новата анимирана авантура, се појави на синиот тепих во тесен фустан од брендот Vatanika, бели чевли и накит од Norman Silverman и Hearts on Fire.


















Лопез деновиве е фокусирана на снимањето на нови епизоди од „Shades of Blue“. Погледнете фотографии од „зад сцената“ на снимањето на серијата:




