Џенифер Лопез стана највозрасната Guess-девојка. 48-годишната актерка и пејачка е ѕвездата од кампањата пролет/лето 2018 на популарниот бренд.
За новиот моден ангажман, Лопез коментираше: „Кога добив повик од Пол Марцијано да ме покани да станам новата Guess-девојка, бев пресреќна и возбудена што ќе бидам дел од толку иконски бренд кој го сакам уште од времето кога бев тинејџерка.“
Пол Марцијано, коосновачот на Guess, изјави: „Нејзината убавина и класа блескаат од оваа кампања“.
Лопез ја најави оваа соработка со својот моден избор за спотот „Amor amor amor“.