Јелена Буча се отвори за потресно искуство кое остави белег врз нејзиниот живот. Популарната пејачка од „Фрајле“ го раскажа моментот кога пред 20 години, маж се обидел да ја силува.
Токму на нејзиниот роденден, додека одела по улица, човек силно ја грабнал и ја повлекол во грмушките. За среќа, таа била силна и давала отвор, а нејзиниот вресок стигнал до друг случаен минувач, кој ја спасил од рацете на манијакот кој сакал да ја злоупотреби.
Тоа се случи една ноќ кога одев по улица, случаен минувач ме грабна и ме вовлече во грмушките. Каде сега буквално доаѓа борбата за мојот живот. Тоа е една приказна во која мојот глас ме спаси, мојот вресок. Дојде друг случаен минувач кој ме спаси.
Иако траеше неколку минути, јас ја имав целата среќа што излегов жива и здрава. Ништо не се случи. Тој имаше проблем бидејќи јас давав отпор и едноставно рацете негови се најдоа на мојот врат. Така вие можете да го изгубите животот за неколку минути.
ВИДЕО:
Јелена призна дека во тие моменти целиот живот ѝ поминал пред очи. Таа тврди дека музиката многу ѝ помогнала во справувањето со тешкиот период по овој настан, а првата песна која ја испеала била „I’ll Survive“.
По толку години, Јелена конечно собра сила да зборува на оваа тема, со цел да им покаже на жените кое се соочуваат со какво било насилство дека не се сами.
Јелена сними филм „Umetnost ispovedanja“, во кој фокус е сексуалното насилство и траумите кои тоа ги предизвикува.