Врз база на податоците од познатиот веб сајт Rotten Tomatoes, статистичарите од електронското списание Slate ја прогласија Џенифер Лав Хјуит за најлоша актерка од 1985 година досега, а акцискиот херој Чак Норис за најлош актер.
Чак Норис досега има добиено рејтинг од 18,4%, што е многу ниско ако се земе во предвид дека просечниот рејтинг на актерите се движи околу 50%. „Појавувањето во еден лош филм е грешка. Појавувањето во десетици лоши филмови е намерен свесен избор“ – пишуваат уредниците за Чак Норис како актер.
Сите занемевме кога Џенифер Лав Хјуит учествуваше во спотот на Енрике Иглесијас за песната „Hero“, но ниту тоа, ниту нејзината глума во филмови како „I Know What You Did Last Summer“, не ја спаси 32-годишната актерка од титулата Најлоша актерка. Просекот од рејтинзите на филмовите на Лав Хјуит е само 18,9%.
Инаку, веб сајтот Rotten Tomatoes собира рецензии и критики од стотици весници и сајтови и ги комбинира оценките во „Tomatometer“ рејтинг, којшто го покажува процентот на позитивни критики.
За да ја направат оваа класификација, уредниците на Slate избрале актери кои снимиле барем 10 филма во последните 26 години. А зошто како почетна година ја избрале 1985? Затоа што сметаат дека оттогаш започнува ерата на модерните филмови.