Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Имам 44 години и вака изгледам“: Џенифер Лав Хјуит возврати на критиките дека изгледа непрепознатливо

„Имам 44 години и вака изгледам“: Џенифер Лав Хјуит возврати на критиките дека изгледа непрепознатливо

Џенифер Лав Хјуит уште од мали нозе се прослави со многу легендарни филмски улоги, од Одри Хепберн во „The Audrey Hepburn Story“ до Џули во хоророт „I Know What You Did Last Summer“.

Денес, 44-годишната актерка честопати е споредувана со помладата верзија од себе, што таа признава дека ѝ создава притисок. Со своите последни видеа во кои користеше филтри за разубавување, Џенифер поттикна злобни и негативни коментари на кои не остана рамнодушна.

Џенифер Лав Хјуит Џенифер Лав Хјуит

Во неодамнешно интервју таа објасни дека гледачите се склони да ги споредуваат познатите личности со верзија која тие ја запаметиле и дека им е тешко да прифатат дека некој остарел.

„Стареењето во Холивуд е навистина тешко. Навистина е тешко, бидејќи не можеш да направиш ништо правилно. Неодамна бев во фризерски салон и немав шминка, па ставив филтер. Навистина не размислив. Фотографијата беше споделена некаде и сите започнаа да коментираат дека Џенифер изгледа непрепознатливо и користи филтри зашто не сака да знаеме колку лошо всушност изгледа во нејзините 40-ти години“ – раскажа таа.

Џенифер Лав Хјуит Џенифер Лав Хјуит

„Лага е да се преправаме дека не ни е гајле. Ние сме луѓе, во човековата природа е да се грижиме што мислат другите за нас. Најголем дел од луѓето се многу љубезни кон мене. Пораснавме заедно и тие изгледаат како што изгледам јас сега“ – додаде таа.

Џенифер Лав Хјуит Џенифер Лав Хјуит

Џенифер вели дека причината што најмногу се засегнува од ваквите коментари е поради тоа што е мајка на девојче и што не сака ќерка ѝ да расте во ваков свет.

„Овие луѓе најмногу ми пречат затоа што сум мајка на девојче. Опасно е да им велите на жените дека не може повеќе да не изгледаат како кога имале 22 години, затоа што вие не можете да го прифатите тоа. Тоа е ваш проблем, бидејќи јас имам 44 години и вака изгледам“ – рече Хјуит, која е мајка и на две момчиња.

Џенифер Лав Хјуит

„На 22, 23, 24 години не се чувствував самоуверено. Се чувствував набљудувано. Морав да бидам сè за сите постојано. Ме викаа секси пред да знам што значи тоа. На 17-годишна возраст бев на насловната страница на Maxim и немав појма зошто сум таму.“

„Таа девојка беше многу несигурна и збунета, давајќи го најдоброто од себе. Но, оваа девојка... Ми се допаѓа каква сум“.

„Мораме да бидеме подобри, мораме да бидеме пољубезни кон луѓето“ – рече Џенифер.

Џенифер Лав Хјуит Џенифер Лав Хјуит Џенифер Лав Хјуит Џенифер Лав Хјуит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19156 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.