Харпер Бекам заплива во тинејџерските води. Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам наполни 13 години, а по тој повод, славниот пар подготви слатки постови за Instagram.
Прекрасни моменти од целиот живот на Харпер се вклучени во видео-компилациите објавени од гордите родители.
„Среќен 13-ти роденден на мојата прекрасна мала девојка. Тато многу се гордее со тебе. Ти израсна во добра, дарежлива и прекрасна млада дама со најпрекрасно срце и фантастична насмевка која сите ја сакаме толку многу. Секогаш биди прекрасна личност каква што си. Харпер Севен, ти си мојот свет“ – напиша Дејвид за својата мала принцеза.
„Среќен роденден на мојата најдобра пријателка. Ти си слатка и љубезна и твојата насмевка ни ги топли срцата секој ден. Ти навистина си нашето сè Харпер Севен и ние сме горди на среќната, убава и талентирана млада дама која што стануваш. Те сакаме многу. Бакнежи“ – стои во пораката на Викторија.
Харпер е најмалото дете на Дејвид и Викторија, кои имаат уште тројца синови.