Познатата холивудска двојка, Харисон Форд и Калиста Флокхарт, стапи во брак во вторникот во Њу Мексико, каде што во моментов Форд го снима новиот филм Cowboys and Aliens.
Свадбата се одржала во Санта Фе, а меѓу присутните бил и нивниот син, деветгодишниот Лиам, којшто Флокхарт го посвои во 2001г.
67-годишниот Форд и 45-годишната Флокхарт се заедно од 2002 година, кога се запознаа на доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Форд ја изненадил Флокхарт со свршенички прстен на Св. Валентин минатата година. Ова е трет брак за него и прв за популарната „Али Мекбил“.