Лукас Ернандес на своето „работно место“ го откри полот на своето неродено дете.
29-годишниот фудбалер и неговата вереница, супермоделот Викторија Триај, со забава на домашниот стадион на ПСЖ објавија дека ќе добијат девојче. Во Паркот на принцовите, Лукас шутираше пенал со кој ги активираше факелите со розов чад по што со широка насмевка ја прегрна Викторија.
Видеото беше објавено на нивните Instagram профили.






@marca.com El increíble ‘gender reveal’ de Lucas Hernández en el Parque de los Príncipes
♬ sonido original - Diario MARCA
Лукас и Викторија ја објавија врската пред јавноста на почетокот од минатата година, а се верија во јули.




