Џенифер Лопез го прослави својот 47. роденден во Лас Вегас. На фотографиите од втората забава, популарната пејачка во блескава креација се весели со своите гости.
Комбинезонот со висок шлиц и разголено деколте е дело на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. Својот стилски избор, Лопез го надополни со обувки од Брајан Етвуд и накит Hermès.



Забавата на музичката ѕвезда се одржа во хотелот „Nobu“.


















