Мускулестиот Џо Манганиело ја покачи температурата на плажа во Мајами. 35-годишниот актер мамеше женски погледи со своето цврсто тело и заводлив поглед.


Филмската ѕвезда престојува во Мајами за да го промовира филмот „Magic Mike“, кој во главно е наменет за женската популација.

Во филмот, мускулестите Џо, Метју Меконахи, Ченинг Тејтум и Мет Бомер се стриптизери и љубимци на жените. Па, фотографиите од Џо на плажа можете да ги сметате само како „мамка“ која ќе ве натера да го побарате филмот.

Погледнете го трејлерот: