Џесика Бил и Џастин Тимберлејк сè уште ја немаат ниту потврдено, ниту демантирано веста за нивната свршувачка, а странските медиуми известуваат за големиот свршенички прстен на раката на 30-годишната актерка.
Веста за нивната свршувачка се појави на почетокот на годината, но која и да е вистината, Џесика и Џастин решија да ја зачуваат за себе. На неколку свечени настани во изминативе два месеца фотоапаратите на репортерите беа насочени кон рацете на Џесика за да го „уловат“ свршеничкиот прстен.
Денес се појавија првите фотографии од прстенот на Џесика, со кој се верува дека Џастин ја побара за жена за време на новогодишните празници. Прстенот е во винтиџ стил и е направен од голем квадратен дијамант со заоблени агли, опкружен со повеќе помали камења.
Гери Маршал, режисерот на филмот „New Year's Eve“ во кој глуми Џесика, неодамна сподели со медиумите дека редовно зборува со познатата актерка за нејзината свршувачка. „Зборуваме за тоа многу. Се надевам дека сè ќе биде во ред, тие се одлични деца. Двајцата ги сакам многу. Среќен сум за неа“ – изјавил тој.Според гласините, Џастин и Џесика ќе стапат во брак налето. Но, допрва се очекува нивно соопштение на оваа тема.