Прекрасната Џесика Алба ја покажа својата втора ќеркичка по неполни два месеца од раѓањето.
Списанието People направи ексклузивно интервју со Џесика и ја покажа малата Хевен Гарнер како ужива во прегратката на својата мајка.
30-годишната актерка споделила дека очекувала Хевен да изгледа исто како нејзината прва ќерка Хонор, но заедно со Кеш биле изненадени по породувањето.
„Навистина очекував моето дете да личи на Хонор. Откако видов дека создадовме две деца што се толку различни, си помислив: ОК, претпоставувам дека го можеме и ова. Беше убаво мало изненадување“ – објаснила Алба.
Џесика не ја скрила и радоста што сега Хевен може да се смее. „Таа само што започна да се смее. Кеш ѝ зборуваше на уво, ѝ шепотеше и ја бакнуваше и таа цело време се смееше. Тоа е неверојатна блискост“ – изјавила таа.