Синоќа се одржа доделувањето на наградите „Жена на годината“ од списанието „Glamour“. На свечената манифестација во Лондон се појавија многу дами од светот на шоу-бизнисот, меѓу кои и Џесика Алба, Кајли Миног, Ева Лонгорија и Софија Вергара.
Џесика Алба изгледаше елегантно во долг фустан на Александар МекКвин. Прекрасната актерка ја доби наградата „Претприемач“ за нејзиниот нов бизнис со еколошки пелени за бебиња.
Наградата „Инспирација“ заврши во рацете на Ева Лонгорија, која на манифестацијата носеше тесен портокалов фустан од нејзината добра пријателка, Викторија Бекам.
Кајли Миног ја прими наградата за посебен придонес. „Не знам како се најдов тука кога започнав облечена во комбинезон, престорувајќи се дека можам да поправам автомобил“ – шеговито изјавила Кајли за нејзините почетоци во серијата „Neighbours“. Славната пејачка дополнила и дека сака да стане подобра жена и дека наградата им ја посветува на својата мајка и својата баба.
Џеси Џеј стана добитничка на наградата за „Најдобар соло изведувач“. „Го сакам тоа што минатата година бев девојка, а оваа година сум жена“ – изјавила таа.
Софија Вергара ја доби наградата за „Најдобра актерка во комедија“, а Леа Мишел за „Најдобра телевизиска актерка“.