Синоќа се одржа доделувањето на наградите „Жена на годината“ од списанието Glamour. Свечената церемонија на врачување на статуетките се одржа во Лос Анџелес, Калифорнија.
Наградата Икона отиде во рацете на Гвен Стефани, моделот со облини Ешли Грем беше прогласена за Активистка за тело, Кристин Лагард се закити со статуетка за Животно дело, а олимпијката Симон Бајлс беше прогласена за Кршачка на рекорди.
Оваа година познатото списание на првпат избра Маж на годината, а таа награда му припадна на Боно.