Џесика Алба ги откри тајните за својата фит фигура и сними фотосесија за „Shape“. Адам Франзино ја фотографираше 35-годишната актерка и бизнисменка.

За списанието, Алба откри дека за да остане фит повеќе посветува внимание на својата исхрана, а не се заробува со часови и денови во фитнес сала.
„Со вежбањето станувам малку повеќе тонирана и дефинитивно се чувствувам посилна, но мојата диета е поважна кога се обидувам да ослабам. Во таков случај, избегнувам глутен, млечни производи, пржена или процесирана храна. Се обидувам да се придржувам кон диета со помалку шеќер и јаглехидрати, богата со протеини и зеленчуци“ – изјавила шармантната актерка.
„Ако вежбам четири пати неделно, тоа го сметам за успешна недела. Но, обично тоа е два до три пати неделно, бидејќи немам повеќе време. За мене, бенефициите од вежбањето се повеќе ментални отколку физички. Вежбањето ми го отстранува стресот и се чувствувам посреќна и попродуктивна“ – додала таа.






Во видеото од „зад сцената“, Алба споделува неколку совети за убавина и ја промовира новата палета шминки на нејзината компанија „The Honest Company“.