Џесика Алба е холивудската убавица која беше ангажирана да го краси новото издание на „The Edit“. 34-годишната актерка позираше во зимски и удобни креации за дигиталното списание.
Себастијан Ким ја фотографираше Алба, која за едиторијалот носеше плетени парчиња облека избрани од Трејси Тејлор.


Во интервјуто, Алба изјавила дека сите околу неа се сомневале во нејзината одлука да ја основа компанијата „Honest Company“, која денес е проценета на 1,7 милијарда долари.
„Луѓето во Холивуд ме потценуваа. Тие апсолутно, 100 проценти мислеа дека сум луда. Тоа ме нервираше. Но како жена, како актерка, се соочував со тоа и претходно. Луѓето мислеа дека ќе направам сè за да напредувам и да бидам успешна. Никогаш не сум била таква девојка. Никогаш не влегував во врска со некого за да успеам“ – изјавила Алба и додала дека сомнежите во нејзините планови биле гориво кое ја поттикнувало да успее.





