Секој чекор на Џенифер Лопез е будно следен од папараците и од нејзините фанови. Славната актерка и пејачка беше фотографирана во Њујорк во спортско издание и повторно предизвика бран комплименти со привлечната фигура.
Тесните хеланки покажаа дека Лопез е во врвна форма иако е во средината на петтата деценија од својот живот.



По својот кардио тренинг, 46-годишната ѕвезда се упати на вечера во италијански ресторан заедно со своето момче Каспер Смарт и својата пријателка Леа Ремини.





