Џенифер Лопез им се придружи на своите колеги од серијата „Shades of Blue“ на настан организиран од Академијата на телевизиските уметности и науки во Лос Анџелес.
46-годишната пејачка, актерка и продуцентка успеа да го сврти вниманието на присутните кон себе облечена во розова елегантна креација од Ели Сааб. На црвениот тепих, Лопез заводливо позираше пред фоторепортерите, каде подоцна ѝ се придружи Реј Лиота и останатите колеги од серијата.














На промотивниот настан, Лопез зборуваше за своите близначиња Макс и Ема и за снимањето на втората сезона од „Shades of Blue“, во кој таа глуми самохрана мајка и корумпирана полицајка. Пресреќна сум. Тоа беше толку тешко, но би го направила и повторно. Серијата е многу напната и бара многу енергија“ – изјави таа.
Запрашана за тоа како го поминува слободното време, Џеј Ло рекла дека тоа е наменето за нејзините деца. „Тие се многу големи, неверојатни и среќни. Посакувам да можев да имам уште многу деца. Посакувам. Не знам дали тоа уште постои како опција за мене, но тоа е нешто што го сакам“ – рече Џенифер.

