Џенифер Лопез никогаш не останува незабележана. 46-годишната пејачка и актерка беше фотографирана со своите деца Макс и Еми и момчето Каспер Смарт додека го напушташе својот хотел во Њујорк.



Облечена во црн краток фустан од брендот Self-Portrait, Лопез со своите најмили се упати да го гледа хитот „Хамилтон“ на Бродвеј.









Тоа беше последен пат во мјузиклот да учествува Лин-Мануел Миранда. Со талентираниот актер, рапер и писател Лопез соработуваше за „Love Make The World Go Round“, хуманитарна песна посветена на неодамнешниот масакр во Орландо.