Џенифер Лопез крадеше погледи во сексапилни креации на доделувањето на Латино Греми наградите. Популарната пејачка блесна во секси комбинезони од двата најпознати либански дизајнери – Ели Сааб и Зухаир Мурад.
На црвениот тепих, 47-годишната музичка ѕвезда зачекори во проѕирен комбинезон од Мурад, кој го искомбинира со златна чантичка и накит од Doves by Doron Paloma.










Потоа, Лопез се пресоблече во златен краток комбинезон со V-деколте од Сааб. Својот втор стилски избор таа го надополни со сандали од Џузепе Ѕаноти.



За настапот со Марк Антони, Џеј Ло облече бела креација од La Bourjoisie специјално изработена за нејзината изведба и украсена со стотици бисери и кристали. Во својот стајлинг таа додаде обувки од Стјуарт Вајцман и накит од сопствената колекција за Kohl’s.


