Џенифер Лопез беше една од гостинките на доделувањето на Los Angeles Fashion Awards. 46-годишната пејачка зачекори на црвениот тепих во тесна креација која одлично ги истакнуваше нејзините препознатливи облини.
Елегантниот фустан со долги ракави доаѓа од колекцијата есен/зима 2016 на Ermanno Scervino. Својот стилски избор Лопез го надополни со блескава чантичка и бели обувки.













