Џенифер Лопез беше меѓу славните гостинки на женска забава на InStyle.
47-годишната пејачка и актерка во фармерски комбинезон се појави на настанот „Ден на задоволство“ организиран во домот на продуцентката Џенифер Клајн. Лопез се релаксираше, пазаруваше и се разгалуваше со луксузни третмани заедно со ѕвезди како Оливија Мун, Луси Хејл, Елизабет Олсен и Ејми Адамс.




Лопез е редовен посетител на забавата која се организира секоја година. „Навистина е убаво, многу жени заедно и попладне поминато со нешта кои ги сакаме. За мене задоволство е да имам време да се релаксирам, да се опуштам, да си поминам убаво и да не треба да се грижам за ништо“ – изјавила славната музичка ѕвезда на забавата пред две години.

