Џенифер Лопез го прескокна дефилирањето на синиот тепих на „Teen Choice Awards“, но не остана незабележана на сцената.
45-годишната ѕвезда зачекори на бината во улога на презентерка, шармирајќи во зелена креација од колекцијата пролет/лето 2014 на Ели Сааб.
За време на манифестацијата, Лопез имаше интересна средба со актерот Тајлер Пози, којшто глумеше нејзин син во познатиот филм „Maid in Manhattan“ од 2002 година.