Џенифер Лопез продолжува со своите работни обврски. 46-годишната музичка ѕвезда беше фотографирана додека се подготвуваше за снимањето на „American Idol“ во Лос Анџелес.
Популарната пејачка и актерка привлекуваше внимание во бел комбинезон.
Светлата креација доаѓа од колекцијата есен/зима 2016 на Vatanika. Својот стилски избор, Лопез го надополни со обувки од Брајан Етвуд и обетки од Версаче.













Џеј Ло ја доби поддршката од својот партнер Каспер Смарт, кој се појави на снимањето во спортско издание.


