Кајли и Крис Џенер ги отворија вратите од своите домови за „Architectural Digest“.
За списанието, славните мајка и ќерка позираа во дизајнерски креации во своите луксузни имоти во Хиден Хилс, Калифорнија, и ги покажаа пространите гламурозни плакари со чанти, облека и обувки.
Домот на Кајли Џенер
21-годишната Кајли изјави: „Моите плакари и гламурозни соби се создадени лично за мене, дури и големината на секоја фиока, така што во нив ги собира моите специфични производи и облека. Поминувам многу време во овие соби, па морав да се осигурам дека ќе бидат совршени“.
Домот на Крис Џенер
„Сакав мојот дом да дава чувство на светилиште, совршено мирно и спокојно. Секое делче ми пружи задоволство“ – изјавила 63-годишната Крис.