Почетна » Новости » Чуден свет » Бизарниот предизвик Кајли Џенер: Тинејџери си ги „пумпаат“ усните со чаши и капачиња

Бизарниот предизвик Кајли Џенер: Тинејџери си ги „пумпаат“ усните со чаши и капачиња

Бизарен предизвик се шири на социјалните мрежи, а е инспириран од полните усни на реалити ѕвездата Кајли Џенер. Иако медицинските лица предупредуваат дека новиот тренд е опасен, тоа не успеа да ја намали неговата популарност.

Со цел да си ги зголемат усните, многумина ги ставаат своите усни во капаче, шише или чаша, а потоа го вшмукуваат воздухот. Таквата постапка го зголемува протокот на крв во усните и предизвикува значително отекување. Резултатите од предизвикот се споделуваат на социјалните мрежи.

Предизвикот Кајли Џенер

Иако голем број тинејџерки го имаа пробано овој метод за полни усни и претходно, од изминатиов викенд тој започна да се шири не само меѓу адолесцентите, туку и меѓу возрасни лица. Мажи и жени објавуваат фотографии од тоа како изгледале пред и непосредно по прифаќањето на предизвикот.

На најголем дел од фотографиите се гледаат и модринки околу усните. „Новиот тренд е прилично загрижувачки. Не само што може да се предизвика значителна болка, отекување и модрици како резултат на техниките со вшмукување, туку постои и ризик за појава на лузни и трајна деформација доколку се повтори повеќепати“ – предупредува дерматологот Денди Енгелман.

Предизвикот Кајли Џенер Предизвикот Кајли Џенер

The secret to bigger lipsLike --- Sydney Maori & Soul BenefitsOMG- Violeta Tupuola

Posted by Sydney Maori on Sunday, April 19, 2015

Кајли Џенер во изминативе неколку месеци привлекува големо внимание со своите полни усни. Таа ги негираше гласините дека користи инјекции и филери и откри дека зголемувањето на усните го постигнува со внимателно нанесување на шминка.

Кајли ЏенерКајли Џенер без и со шминка на усните Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.