Шакира ја замени спортската облека со светкав фустан и овој пат наместо од трибините, го бодреше својот сакан од публиката на манифестација по повод доделување на награди за најдобрите во спортот.
38-годишната пејачка со широка насмевка седеше до Жерар Пике, кој ја освои наградата Најдобар каталонски спортист за годината на „Festa de l'Esport Català“.

Парот, кој заедно има две деца, Милан и Саша, се забавуваше на манифестацијата која се одржа во Барселона.




Фудбалерот на ФК Барселона не можеше да си ги задржи солзите додека им ја посветуваше наградата на своите родители, затоа што како што кажа тој, му дале сè во неговиот живот.
